среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 138
home Вести

Води ли некој грижа за пензионерите кои земаат пензија преку Пошта?

Води ли некој грижа за пензионерите кои земаат пензија преку Пошта?

Етапната исплата на септемвриските пензии почнува од утре, но Пошта на Македонија после пропаѓањето на Еуростандард банка се уште нема избрано и нова банка која ќе го земе бизнисот за платниот промет и шалтерите на пошта. Ова значи дека пензионерите од руралните средини на кои Пошта, која имаше договор со Еуростандард, им ја доставува пензијата, ќе бидат оставени без пари се додека не се склучи спогодба со друга банка.

Никој од надлежните до сега не ги спомна нив и не се запраша дали тие ќе можат да преживеат без пензијата и дали имаат пари да набават лекови и други основни работи, се додека Пошта не склучи договор со друга банка. Со ова јасно се гледа дека власта не ја интересира тоа во каква ситуација се наоѓаат старите лица кои едвај ја чекаат и така малата пензија за да можат да сврзат крај со крај.

Проблем се уште има и со оние пензионери кои пензијата ја приимаа преку Еуростандард банка. На овие пензионери им беше даден рок до крајот на септември да се префрлат во друга банка со цел да ја добијат пензијата за август навреме, но нема информации колку тоа го сториле до сега.

-Нема систем преку кој може да се направи увид уште колку пензионери не отвориле сметка во други банки. Државата воопшто не покажа интерес и грижа за пензионерите кои и така земаат мали пензии, велат од банките.

Најнови вести

Коронавирус