петок, 26. февруари 2021. Вести денес: 176
home Вести

Водата на Водици никогаш не се расипува и се смета дека е света, посебна и лековита

Водата на Водици никогаш не се расипува и се смета дека е света, посебна и лековита

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици. Овој ден се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден. На тој ден се осветува вода за која се верува дека е лековита и чудотворна и се нарекува богојавленска вода.

Водата се смета за света, посебна и лековита. Богојавленската вода никогаш не се расипува. Нејзина особина е со години да остане свежа, вкусна и лековита.

Оваа вода се чува во посебен сад цела година. Таа вода помага за секоја болест и кога малите деца се плашат ноќе, но и кога на човек нагло ќе му се слоши или кога храната не му годи.

На Богојавление црквата дозволува со таа вода да се попрскаат сите соби и ќошиња во домот и сите членови на семејството да ја пијат колку сакаат. Но, во другите денови од годината, со богојавленската вода не смее ништо да се прска.

Во Македонија и ден денеска многумина ништо не јадат два дена од Големиот пост па третиот ја вкусуваат таа вода во знак на големата светија.

Светата водичка може да се чува неограничено време. Колку и долго да се чува, таа не ја губи својата осветителна благодет ниту е подложна на расипување.

Одредени семејства богојавленската водичка ја чуваат и по триесет и повеќе години, со тоа што секоја година, кога ќе ја донесат новата богојавленска водичка, помалку додаваат во шишето во кое ја чуваат старата Богојавленска водичка.

Доколку во текот на годината целата богојавленската вода не се потроши, кога ќе стигне новата богојавленска вода се истура во бунар, во река или во цвеќе. Во секој случај таму каде што нема да се изложи на газење и обесветување.

Коронавирус