петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 148
home Вести

Во животов многу мажи ми се силеле, ама само еден ми удри шамар и еве што му се деси

Во животов многу мажи ми се силеле, ама само еден ми удри шамар и еве што му се деси

,,Во животов сум имала неколку ситуации каде насилни мажи ми се силеле. Сите го извлекоа подебелиот крај.

Во Македонија живеат насилници, недоволно доени и сакани мажи во детство, лабилни, емотивно испокршени, и тоа не е сменето со децении.

Првиот и единствен маж кој ми удрил шамар во животот беше татко на едно девојче кое живееше во зградата каде живеев како дете. Имав само 10 години, а она 7. Таа му кажала дека сум и` удрила клоца, а тој насилник ме фати за врат и ми залепи шамар. Пред сите мои другарки.

Солза не ми капна, само го чекав да дојде татко ми. Не можам ни да се сетам на името на тоа говедо кое сега би требало да има околу 70 години.

Кога дојде татко ми, кој беше многу силен маж, и слушна што се случило, ме зема за рака, му заѕвоне на врата и му рече – ,,еве ти маж пред тебе, па ајде да си ги измериме силите”. Му влезе во стан, а мене ме испрати дома.

По мнооогу години дознав дека го кренал во воздух, нозете му виселе над паркет. Подоцна тој човек, веќе не ми се приближи ни во радиус од 100 метри.

Никогаш нема да одобрам насилство врз жена, дете, животни ! Никогаш ! Не може маж-насилник , кој, физички е посилен, да биде жртва, а послабите да бидат насилници.

Само кукавици, битанги, психопати, и болни луѓе, бираат за тепање некој кој е далеку послаб од нив, физички и ментално. И, имено, одобруваат насилство во секоја форма. Тоа се речиси и секогаш – прикриени жртви на насилство во домот.”

Најнови вести

Коронавирус