вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 69
home Вести

ВО ЖИВО: Започна Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ

ВО ЖИВО: Започна Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ

Во салата на Домот на културата во Валандово започна 16-тиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ денеска и утре го одржуваат 16-тиот вонреден партиски конгрес во Валандово. Станува збор за вонреден конгрес на кој ќе се бира лидер на партијата, по оставката која што ја поднесе долгогодишниот претседател на партијата Никола Груевски. Од 17 часот до 19 часот ќе се изврши регистрација на делегати.

По почетокот на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, се очекува да бидат избрани работните тела, потоа ќе следува интерна дискусија на која што секој делегат може да се пријави, да даде свое согледување за темите за коишто ќе се дебатира. Она што ќе е најинтересно за јавноста ќе се случува утре кога треба да биде избран новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус