сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 83
home Вести

Во вторник протест „Правда за Кољо“: Да се стави крај на уличните убиства!

Во вторник протест „Правда за Кољо“: Да се стави крај на уличните убиства!

Герила акција пред Основното Јавно Обвинителство.
Испраќаме едноставна и јасна порака. Бараме #ПРАВДА до крај, шанса се уште има!

ВТОРНИК 23ти ЈУНИ, 18:00 часот. Локација: Министерство за правда –> ОЈО –> Кривичен суд.

Уште еднаш да напоменеме: сите да се придржуваме до мерките и препораките. Носењето на маски е задолжително.
До надлежните институции: НЕМА ДА НЕ ЗАМОЛЧИТЕ, иако обидите деновиве беа големи. Притисоци, закани, уцени, но не попуштаме.

Во ВТОРНИК, во 18:00, ние по секоја цена ќе излеземе на улица за нашиот глас да биде слушнат. Ќе повторуваме дека бараме ПРАВДА ЗА КОЉО, и ќе го повторуваме истото се додека убиецот не го стигне правдата.
Се гледаме.

Коронавирус