четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 151
home Вести

Во вторник лидерска средба Заев – Мицкоски

Во вторник лидерска средба Заев – Мицкоски

Во вторник во Собранието најверојатно ќе се одржи лидерска средба за измените во законот за Јавното обвинителство, дознава Press24 од партиски извори.

Денеска Премиерот Заев излезе со став дека е оптимист дека работните групи ќе најдат заеднички јазик за измените во законот за Јавното обвинителство, а доколку решат дека има потреба за лидерска средба тој е подготвен на таков начин да придонесе законот да се донесе пред 15 септември.

Од ВМРО-ДПМНЕ ја потврдуваат оваа информација. Од партијата велат дека ситуацијата налага лидерите да седнат на заедничка маса за да може да се донесе законското решение.

Според нашите извори, и денешната средба на работните групи ќе биде во насока на подготовка на темите за лидерската средба.

Покрај измените во Законот за јавно обвинителство кои како тема ќе доминираат на лидерската средба, според нашите извори ќе се отворат и други теми меѓу кои и онаа за организација на предвремени парламентарни избори.

Се уште нема информација во кој формат ќе се организира лидерската средба и дали покрај Заев и Мицкоски на маса ќе седнат и други лидери на политички партии.

Коронавирус