сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 66
home Вести

Во Врховниот суд во Атина започна рочиштето за Грујевски и Бошковски

Во Врховниот суд во Атина започна рочиштето за Грујевски и Бошковски

Зад затворени врати, исто како и минатиот пат, во Врховниот суд во Атина продолжи рочиштето по поднесената жалба за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски, откако на 9 март, беше прекинато поради правни прашања.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, неколку минути по 11:30 часот по локално време, откако поминаа сите останати над 20 случаи, што беа на дневен ред, започна рочиштето во атинскиот суд.

Судницата беше испразнета, поради барањето на двајцата адвокати од Грција од минатиот месец, рочиштето да се одржи зад затворени врати, па така во судницата останаа само Грујевски и Бошковски, адвокатскиот тим, двајцата преведувачи и полициското обезбедување, но и адвокатот од Македонија, кој е сведок во случајот.

Како што објави МИА, на минатото, трето по ред рочиште во Врховниот суд во Атина, двајцата адвокати побараа судењето да биде зад затворени врати бидејќи, како што рекоа, станува збор за политички прогон, а Грујевски и Бошковски се обвинети за политички криминал (нешто со што тие како одбрана не се согласуваат), објаснија дека во исказот што ќе го дадат има прашања кои што се доверливи, кои што не се за во јавност, со оглед на тоа дека рочиштата се јавни и никој не знае кој сѐ се наоѓа во судницата. Безбедноста на нивните клиенти беше уште еден од аргументите на адвокатите.

Едниот, образложи дека исказите што ќе ги дадат се однесуваат на политички случај, со прислушувањата по кои имаше политички пресврт и промена на власта.

Како дополнителен аргумент, еден од адвокатите посочи дека во судницата има и новинари, кои што сакаат да објават што кажале Грујевски и Бошковски во исказот.

За конкретниот случај, не постои никаков интерес во грчките медиуми и единствен новинар во судницата, како и на изминатите три рочишта, така и денес, беше дописничката на МИА од Атина.

Коронавирус