четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 55
home Вести

Во велешката болница од ковид-19 утрово почина свештеник на МПЦ

Во велешката болница од ковид-19 утрово почина свештеник на МПЦ

Маж на возраст од 58 години почина утрово на инфективното одделение во велешката болница како последица од ковид-19. Тој бил примен во болница пред четири дена.

„Утрово околу 8:30 часот почина маж на 58-годишна возраст од Богомила, кој е примен во болница на 22.10.2020 година со позитивен тест и од приемот е на кислородна поддршка“, соопшти др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Батали.нет дознава дека починатиот бил свештеник на МПЦ-ОА. Тој е 24 жртва на коронавирусот во Велес од почетокот на епидемијата. Минатата недела инфективното одделение во велешката болница броеше девет починати. Црниот биланс продолжува и во новата недела.

На одделението во моментов се хоспитализирани 41 пацинент, од кои 32 имаат потврдени позиотивни тестови, а девет се сомнителни случаи. Дури 15 пациенти се на кислородна поддршка.

Коронавирус