сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 95
home Вести

Во толку неопходната индустрија вработените наместо плати добиваат трошки

Во толку неопходната индустрија вработените наместо плати добиваат трошки

Чевларска фабрика од Штип за септември им исплатила на сите работници плата од два денари. Дали е таа плата која што ја ветуваше премиерот Зоран Заев и неговата влада на неколку предизборни кампањи?

Во ек на пандемија граѓаните се оставени сами да се снаоѓаат како да го истераат месецот. Токму оваа ситуација не беше ветувана така од оваа влада. Власта во изминативе неколку кампањи ветуваше поголеми плати и подобар живот за граѓаните.

На 15 септември 2016 година премиерот Зоран Заев пред граѓаните вети тој и неговите функционери ќе го поттикнат растот на сите плати во Македонија, со што ќе ја зголемат и просечната плата покрај минималната плата. Просечна плата од 30.000 денари е она кон што целеа.

„Тоа ќе го постигнеме преку директна поддршка на домашните микро, мали и средни претпријатија со пари од Буџетот. Фирмите ќе добијат за ново вработување годишна државна поддршка од 108.000 денари, или по 9.000 денари за месечно исплатена бруто плата. Ова е една од мерките за поддршка на домашните фирми“, вети премиерот Зоран Заев на 15 септември 2016 година.

„До крајот на мандатот минималната плата ја креваме на 20.000 денари. Тоа е за дури 120% повеќе од минималната плата од 9.000 денари на ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година. Со СДСМ платите во сите сектори ќе растат уште повеќе. Просечната плата до крајот на мандатот ќе ја кренеме на 34.000 денари“, нагласи премиерот Зоран Заев на 29.06.2020 година.

Но напротив од овие ветувања една чевларска фабрика од Штип за септември им исплатила на сите работници плата од 2 денари, две текстилни фабрики од Штип со околу 100 работници, место плата, на работнците им исплатуваат аванси, некогаш 2.000 денари, некогаш 5.000 денари.

Така, во сред здравствена криза, овие работници се оставени без здравствено осигурување, алармира здружението „Гласен текстилец“.

Од „Гласен текстилец“ велат дека се повеќе работодавачи исплаќаат плати пониски од минималецот кој изнесува 14.500 денари и укажуваат дека тие како здружение не можат да воспостават соработка со Управата за јавни приходи, која според здружението е клучната институција која треба да реагира во случаи кога не е исплатена ниту минималната загарантирана плата.

Дека нема ништо за граѓаните реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните не видоа ништо од таканаречените мерки. Илјадници се на минимална плата, а голем број и привремено останаа без работа. Граѓаните и малите фирми не видоа ништо од државната помош. Парите завршија во СДСМ, а граѓаните останаа без поддршка. Економијата тоне и СДСМ не знае како да ја заживее“, пишува во соопштение на опозиционата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус