петок, 18. септември 2020. Вести денес: 66
home Вести

Во „Титаник“ презентирани снимки кои не биле доставени во листата на докази

Во „Титаник“ презентирани снимки кои не биле доставени во листата на докази

На денешното рочиште за предметот на СЈО Титаник беа презентирани аудио снимки од 2011 година кои неовластено се снимани од новинарките Наташа Стојановска и Сашка Цветковска од тогашната А1 телевизија. Снимките не беа доставени во листата на докази кои СЈО ги достави до судот и одбраната и истите се дел од ЦД кое е креирано на 20.12 2018 година во 14.00 часот.

На реакција на одбраната до судечкиот совет предметните аудио снимки не се дел од материјалите добиени во СЈО од страна на СДСМ како и дека се креирани вчера и содржат материјали на странски јазик (бугарски), судечкиот совет истакна дека и за нив овие снимки се нови но и одат во корист на одбраната.

Интересно е дека при презентацијата на снимките не присуствуваше обвинителката на предметот Лиле Стефанова туку Бурим Рустеми кој на очиглед на сите присутни делуваше неинформирано за дополнително приложените докази од новинарките.

На снимките, лажно се претставуваат новинарките Цветковска и Стојановска како лица од Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ и ги наведуваат луѓето на кои им се јавуваат да признаат дека под присила биле ставени на листи на сигурни гласачи на ВМРО-ДПМНЕ. Но главно реакцијата на луѓето на кои овие новинарки лажно им се претставуваат е дека ќе гласаат за ВМРО бидејќи е партија која се грижи за економскиот просперитет како и дека нивните семејства во континуитет ја поддржуваат оваа партија што не е спорно и незаконски.

Нејасна е идејата и потребата овие снимки да се употребуваат во судска постапка од страна на СЈО кога истите не се дел од незаконското следење на комуникациите кое СЈО го докажува дека произлегло од УБК.

За жал на снимките се слушаат гласови на починати луѓе, активисти и членови на ВМРО на кои им се злоупотребува името и честа со цел СЈО да докаже некаква нивна инволвираност во нешто што не е ни предмет на обвинението кои самите го застапуваат.

Доколку била целта да се направи “атер” на двете новинарки кои во име на ВМРО-ДПМНЕ лажно се претставувале со цел да се прикажат како некакви борци за демократија тогаш целиот судски процес губи поента бидејќи тезата дека луѓето под присила гласале за ВМРО се демантира во самата содржина на телефонските разговори кои нелегално ги снимале во А1 телевизија.

Коронавирус