вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 22
home Вести

Во Тирана одржана конференција со заклучоци колку е добро да се откаже Македонија од уставното име

Во Тирана одржана конференција со заклучоци колку е добро да се откаже Македонија од уставното име

Албанските интелектуалци од Албанија денеска ги повикаа граѓаните на Македонија да му кажат ”ДА” на референдумот на 30 септември, јавува Журнал.

На организираната тркалезна маса тие нафрлија неколку тези од од перспектива на граѓани на Албанија, кои се едногласни дека референдумот треба да се поддржи од сите граѓани на Македонија.

Африм Красниќи, од институтот за Политички Студии, потенцираше дека референдумот е со еден неодреден резултат, алудирајќи на интензивната работа на меѓународната заедница за постигнување на Договорот за името.

Поранешниот министер за надворешни работи на Албанија, Паскал Мило отиде и чекор понатаму нарекувајќиго референдумот како најважен настан во историјата на Македонија од по осамостојувањето.

Историчарот Пелумб Џуфи, рече дека старите лидери кои ја изградиле својата историја добро е да им го одстапат местото на новите, бидејќи сега, албанците во Македонија имаат свои универзитети кои имаат произведено своја политичка класа.

Се уште не се завршени сите говори на Конференцијата  „Референдумот и албанскиот идентитет во Македонија”, која се оддржува во Тирана во Хотел Интернационал.

Коронавирус