понеделник, 1. март 2021. Вести денес: 181
home Вести

Во текот на ноќта повремени врнежи претежно од снег

Во текот на ноќта повремени врнежи претежно од снег

Времето до крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде облачно со повремени врнежи претежно од снег. Врнежите, како што соопштија од УХМР, во вечерните часови ќе преминат во снег и во јужните делови. Ќе дува засилен северен ветер.

Во Скопската котлина во текот на ноќта врнежите ќе престанат и ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Преодно стабилизирање на времето се очекува во четврток, но ќе се задржи студено, особено во утринските часови.

Како што претходно информира ЈП Македонија пат, укинати се забраните за движење на тешки моторни возила на планинскиот премин Стража и на патниот правец Гостивар – Маврово.

Коронавирус