понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 51
home Вести

Во текот на денот сончево време, вечерва дожд и грмежи

Температурата во Скопје ќе се движи од 4 до  23 степени. Во текот на денот ќе биде сончево, а во вечерните часови ќе има локални врнежи од дожд со грмежи.
Во текот на денот сончево време, вечерва дожд и грмежи

Во Македонија времето денес ќе биде променливо. Во текот на денот ќе биде сончево и топло со засилен јужен ветер. Во вечерните часови ќе биде облачно со локални врнежи од дожд во западните и северните делови. Минималните температури ќе се движат од 2 до 9, а максималните од 18 до 24 степени.

Температурата во Скопје ќе се движи од 4 до  23 степени. Во текот на денот ќе биде сончево, а во вечерните часови ќе има локални врнежи од дожд со грмежи.

Времето утре ќе биде променливо облачно.Претпладне со интензивни врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни, а попладне со повремен локален дожд и со засилен западен ветер. Дневната температура ќе опадне зa околу 5 степени.

Од понеделник ќе настапи стабилизирање на времето, ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер.

Коронавирус