четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 13
home Вести

Во тек средбата Димитров-Коѕијас

Во тек средбата Димитров-Коѕијас

Шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција Никола Димитров и Никос Коѕијас ги почнаа разговорите во Министерството за надворешни работи, на кои се очекува да ги разгледаат позициите на Скопје и Атина по меѓусебната размена на нацрт-договори за решавање на прашањето за името.

По тет а тет средбата меѓу шефовите на дипломатиите следуваат пленарни разговори меѓу македонската и грчката делегација.

Двајцата министрите потоа ќе одржат заедничка прес-конференција.

За време на престојот во Македонија Коѕијас ќе биде примен и од претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Зоран Заев, како и од заменикот претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи.

Шефот на грчката дипломатија вчера со владин авион пристигна на скопскиот аеродром, во прва посета на земјата по неговото преименување во Меѓународен аеродром Скопје, како една од отстапките на македонската Влада во процесот на преговорите за името.

Ова е прв пат по 12 години грчки авион да слета на скопскиот аеродром.

МИА

Коронавирус