понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Во Стразбур жена роди шест бебиња

Во Стразбур жена роди шест бебиња

Мајка на две деца, роди шест бебиња во Стразбур, што е исклучително редок настан, соопшти болницата Стразбур-Хотипер.

Како што јави дописникот на МИАновороденчињата, пет девојчиња и едно момче,  родени се по 24 недели и шест дена аменореа, што значи дека се „многу предвремено родени“.

Бебињата се родени со царски рез и тежат помеѓу 630 и 730 грама. Тие се хоспитализирани во реанимација за новороденчиња и ќе поминат долги месеци во болница.

-Ние сме многу внимателни, тоа е ситуација во која се потребни техничка експертиза на тимот со високи перформанси во болницата Хотепиерм, изјави медицински извор од болницата, нагласувајќи дека 30 лица биле мобилизирани за ова несекојдневно раѓање.

Според него, последното раѓање на шесторка во Франција датира од пред триесет години во Нормандија.

Пред една година, 29-годишна Полјакиња,  мајка на едно дете, роди исто така шест бебиња во Краков. Полските лекари тогаш истакнаа дека раѓањето на шесторка се случува во светот еднаш на 4,7 милијарди породувања.

Парламентарни избори 2020