петок, 24. септември 2021. Вести денес: 123
home Вести

Во Собранието закажана нова и продолженија на две други седници

Во Собранието закажана нова и продолженија на две други седници

За денеска во Собранието се закажани продолженија на три собраниски седници, новата 46. и продолженија на 41. и 45. пленарна седница.

На дневен ред на 46. седница се Предлог на закон за изменување на Законот за социјалната заштита во второ читање, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Северна Македонија за 2021 година, по скратена постапка, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, во прво читање.

Меѓу заостанатите точки на дневниот ред на 41. седница како последни две точки се ставени интерпелациите на министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, но нема информации кога ќе се одржат дебатите за нив. Меѓу другите точките на дневниот ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик во прво читање, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за личната карта, во прво читање, како и Предлог на закон за образование на возрасните во прво читање.

На 45-та седница пратениците ќе расправаат за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени, по скратена постапка, Предлог на закон за дополнување на Закон за научно-истражувачката дејност, дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за високото образование, дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита во второ читање, како и Предлог на закон за медијација во прво читање.

Најнови вести

Коронавирус