сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 101
home Вести

Во Собранието продолжува вториот дијалог од процесот „Жан Моне“

Во Собранието продолжува вториот дијалог од процесот „Жан Моне“

Во Собранието и денеска продолжува вториот дијалог од процесот „Жан Моне“, со кој копретседаваат европратеникот и известувач за нашата земја Иво Вајгл и европратениците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн.

За исходот од вториот дијалог во рамки на процесот, како што соопштија од собраниската прес-служба, ќе информираат на заеднича прес-конференција денеска претседателот на Собранието, Џафери и тројцата европратеници, копретседавачи на дијалогот – Вајгл, Кукан и Флекенштајн.

Претседателот на Парламентот, Талат Џафери вчера одржа средба со европратениците, пред отворањето на дијалогот.

Првата средба во рамки на дијалогот „Жан Моне“ претставниците на парламентарните партии во Собранието ја одржаа изминатата година во Охрид