вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 119
home Вести

Во скопски Центар исто заболени колку во Чаир- овие општини во главниот град се најризични!

Во скопски Центар исто заболени колку во Чаир- овие општини во главниот град се најризични!

Во Скопје денес има 59 случаи, во Чаир-12, Центар-10, Карпош-2, Бутел-10, Аеродром-5, Гази Баба-5, Петровец-1, Кисела Вода-3, Сарај-3, Ѓорче Петров-1, Шуто Оризари-1, Студеничани-1 и 3 за кои нема адреса, односно, се дале лажни податоци од заразените.

„Најголемо жариште е Чаир, но нема општина која не е во ризик“, вели директорот на ИЈЗ-Скопје, Арбен Зибери. Според категоризацијата на ризиокот од СЗО, Институтот за јавно здравје проценува дека Скопје и Тетово се во четврта фаза, односно има широко распространета трансмисија, додека Штип е во трета фаза, што значи дека трансмисијата е локализирана.

Инаку, во нашата држава најмладиот заразен е бебе, а најстариот 94-годишен граѓанин. Според статистиките кои ги води ИЈЗ, најголемиот број на заболени се на возраст од над 60 години.