вторник, 7. декември 2021. Вести денес: 126
home Вести

Во Скопје вечерна молитва и литија во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица

Во Скопје вечерна молитва и литија во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица

Во пресрет на утрешниот празник Рождество на Пресвета Богородица, вечерва во храмот посветен на Богородичното рождество во центарот на Скопје беше отслужена празнична вечерна богослужба.

Вечерната молитва е проследена со литија околу централното градско подрачје.

Литијата е православен обред кој се извршува во форма на торжествена поворка од страна на свештенослужителите и верниците, проследена со црковни химни, икони, крстови, рипиди и други свети предмети, со цел да се отдаде почит кон Бога и Неговите светии и да се испроси Неговата благодат и милост.

Свештенството од храмот Рождество на Пресвета Богородица, ги повикаа сите верници учесници на овој торжествен молитвен собор, да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот ковид – 19. (МИА)

Коронавирус