недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 89
home Вести

Во Скопје се хоспитализирани 204 лица поради коронавирус

Во Скопје се хоспитализирани 204 лица поради коронавирус

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 204 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники немало приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.

Во  ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 47 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 78  пациенти. На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид 19 вирусот.

Вкупно 204 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

-Бројот на приеми во изминативе денови се намалува  и утрово до 8 часот имало 180 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, велат од Министерството за здравство.

 

ЕУРО 2020

Македонија