четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 53
home Вести

Во Скопје импровизирани шахти опасни по живот, „Водовод и канализација“ мува не ги лази, граѓаните го прашаа Шилегов „Каде да ги возиме тротинетите“?

Во Скопје импровизирани шахти опасни по живот, „Водовод и канализација“ мува не ги лази, граѓаните го прашаа Шилегов „Каде да ги возиме тротинетите“?

Отворените шахти без капаци кои се симбол на Скопје се се поопасни за пешаците и велосипедистите кои ги користат тротоарите и улиците.

Слична опасност имаат и шахтите кои се небезбедно поставени на тротоарите од нестручните кадри на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје.

До редакцијата на КУРИР пристигнаа фотографии од тротоар долж булеварот Илинденска во близина на трговскиот центар „Сити Мол“ каде небезбедно поставените шахти се директна опасност за животот на пешаците и велосипедистите.

„Доколку не ги забележите овие шахти кои импровизирано се направени, а дупките се пополнети со парче даска сигурно ќе имате посериозни последици по вашето тело, особено доколку се возите на велосипед или на електричен тротинет“, велат сведоци за КУРИР кои ни ги испратија фотографиите.

Оттука се поставува прашењето дали Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ професионално ја извршува својата работа и се грижи за безбедноста на граѓаните на Скопје?

Инаку доказ дека надлежните излегуваат само по потреба на терен е отворената бесплатна телефонска линија на „Водовод и канализација“ Скопје 0800 22 555 или на телефонскиот број 30 73 010 каде можете да пријавите отворена шахта или сливник, но не и да забележите работници од ова претпријатие да се на терен без пријава од граѓани.

Граѓаните кои ги контактираше редакцијата на КУРИР а користат електрични тротинети велат дека Градот Скопје и Шилегов џабе даваат субвенции бидејќи нема безбедни тротоари за да се возат истите.

-Отворени шахти на секој чекор, извадени бекатон коцки, тротоари на кои има контејнери, автобуски постојки и непрописно паркирани возила, што уште не… возењето на велосипед, тротинет или пак одењето пешки по скопските тротоари едноставно е небезбедно, велат контактираните граѓани.