сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 80
home Вести

Во Скопје и Штип најмногу активни случаи на ковид-19, во Пехчево и Валандово ниту еден

Во Скопје и Штип најмногу активни случаи на ковид-19, во Пехчево и Валандово ниту еден

Скопје е на врвот со најмногу активни случаи на ковид-19 или вкупно 1363 лица, а веднаш зад него на листата е Штип со 430. Во Пехчево и во Валандово во моментов нема ниту еден активен случај на новиот коронавирус.

Со последните бројки соопштени денеска од Институтот за јавно здравје со по над двесте активни случаи се Куманово (269), Тетово (220),
Струга (203) и Гостивар (282).

Во три градови има по над 100 активни случаи и тоа во Дебар (117), Кичево (108) и Свети Николе (151).

Од градовите пак со најмалку активни случаи се Делчево со 1, Македонска Каменица со 4, Неготино со 7, Кратово со 8, Берово со 4 и Крушево со 9. Во Гевгелија активни се 12 случаи од кои 7 лица се од Дојран и тројца од Богданци.

Останатите градови низ земјава се со двоцифрени броеви на активни случаи на ковид-19 од кои најмногу има во Охрид (87).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11 128, бројката на оздравени пациенти е 6 972, на починати е 500, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3 656.

Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4915, активни 1363
• Куманово 1091, активни 269
• Дебар 206, активни 117
• Штип 872, активни 430
• Прилеп 333, активни 53
• Тетово 1057, активни 220
• Струга 457, активни 203
• Велес 225, активни 21
• Битола 143, активни 63
• Охрид 276, активни 87
• Кавадарци 73, активни 53
• Гостивар 487, активни 282
• Гевгелија 23, активни 12 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 37, активни 21
• Крива Паланка 25, активни 11
• Радовиш 29, активни 16
• Крушево 16, активни 9
• Кочани 105, активни 24
• Пробиштип 53, активни 19
• Демир Хисар 34, активни 27
• Македонски Брод 35, активни 30
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 6, активни 0
• Виница 22, активни 18
• Делчево 5, активни 4 (4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 14, активни 8
• Свети Николе 227, активни 151
• Кичево 175, активни 108
• Ресен 146, активни 26
• Неготино 27, активни 7 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Коронавирус