понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 154
home Вести

Во Скопје 22 сообраќајќи, четворица потешко повредени

Во Скопје 22 сообраќајќи, четворица потешко повредени
фото илустрација

Четири лица се потешко повредени во четири од вкупно 22 сообраќајни незгоди што се случиле во изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје.

Поголем е и бројот на полесно повредени, односно вкупно 11 лица се полесно повредени. Во десет сообраќајки е причинета материјална штета.

Дванаесет возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, а 14 се исклучени од сообраќај пред да се стекнат со правото за управување на моторно возило. Еден возач поминал на црвено светло, а шест возачи не дале првенство на минување на пешаци.

Од сообраќај се исклучени и девет нерегистрирани возила, две технички неисправни возила и едно претоварено возило.

Во изминатите 24 часа непрописно биле паркирани 79 возила, а 54 се подигнати со специјалното возило „пајак“.

Коронавирус