сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 54
home Вести

Во штипското село Брест средба на децата бегалци од Егејска Македонија

Во штипското село Брест средба на децата бегалци од Егејска Македонија

Децата бегалци од Егејска Македонија, кои се дел од Петтата светска средба, денеска се собраа и во штипското село Брест на манастирот Свети Пантелејмон. Јордан Тунев претседател на Здружението „Македонски Егеј“ – Штип посочи дека средбата е почната на 19 јули, а ќе заврши утре во хотелот Континентал.

Прашан дали сега со договорот меѓу Македонија и Грција ќе отстапат од тужбите кои имаат доставено до судот во Стразбур за враќање на имотите од грчка страна, Тунев со став дека засега не отстапуваат од доставените тужби.

– Ангажирани се адвокати, нашите барања  се процесуирани, постојат заверени, а сега адвокатите си ја тераат својата работа, изјави Тунев.

Македонските здруженија најавија дека прават и нова стратегија по ова прашање, која ќе ја соопштат во септември.

На средбата присуствуваше и Коста Маргин кој живее во Мелбурн, Австралија, а потекнува од селото Бапчор. Пред извесно време го посетил селото, кое е изгорено до темели.

– Селото е целото изгорено, не се познава каде порано имало куќа или нива. Постои само црквата. Кога заминувале моите се оставиле зад себе, па и документите за имотот, изјави Маргин.

Тужба до судот во Стразбур не поднел ниту Ванчо Хаџи Стојанов, по потекло од Драмско, но затоа, пак, се одважил и го посетил лично сегашниот градоначалник од кој добил уверување дека евиденција за имот постои, меѓутоа од 1957 година па наваму, а му дал и оптимистички одговор по прашањето за имотите.

– Ако влезете во Европската унија сите имотни прашања ќе ви бидат решени. Така рече градоначалникот, кој беше многу пријатен човек, а и комшија ми беше, изјави Хаџи Стојанов.

На денешната средба на децата бегалци од Егејска Македонија присуствуваше и градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски.

(Миа)

Коронавирус