недела, 11. април 2021. Вести денес: 118
home Вести

Во Штип санкционирани 65 возачи

Во Штип санкционирани 65 возачи

На 02.03.2021 во периодот од 08.00 до 16.00 часот Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип на автопатот Штип – Миладиновци (од клучка Три Чешми до клучка Преод) спроведе контрола на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, биле откриени 23 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

На 02.03.2021 во периодот од 07.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола на возила и возачи. Притоа преземени биле вкупно 42 мерки меѓу кои седум за технички неисправни возила, шест за управување возило без положен возачки испит, 10 за непрописно паркирање и 19 останати прекршоци. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

Коронавирус