вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 171
home Вести

Во СДСМ наместо да жалат за 15те загубени животи, ја жалат оставката на Филипче

Во СДСМ наместо да жалат за 15те загубени животи, ја жалат оставката на Филипче

Низа на реакции по оставката на министерот за здравство Венко Филипче откако вчера на прес конференција соопшти дека поднел оставка до премиерот Зоран Заев, откако само 24 часа по несреќата од истата говорница кажа дека оставка ќе поднесе кога ќе заврши истрагата за тоа кои се причините за изгорената модуларна Ковид болница во Тетово.

Позитивните коментари речи и да нема, па затоа оркестрирано ботовите на СДСМ и блиски луѓе до власта се вклучија во одбрана на министерот за здравство Филипче, а за тоа дека најдобар доказ е фотографијата која се објави во дел од медиумите каде што високи функционери на власта во вибер група пишуваат да се застане во одбра на Филипче.

Но, тоа не е се, само пред помалку од половина час пред премиерот Зоран Заев преку соопштение да ја објави својата одлука за поднесената оставка на министерот за здравство Венко Филипче во која стои дека ќе го чека епилогот од истрагата во која се вклучени германски експерти, директорите на Јавните здравствени установи преку писмо до премиерот Заев бараат да не се прифати оставката на министерот. Преку вибер група потпишана како ЗДРАВСТВО, директорката на КАРИЛ Маја Мојсова ги известува останатите директори дека ќе напише писмо со кое ќе побара да не се прифаќа оставката, а поддршка добива и од други директори на здравствените установи.

Имено, преку вакво оркестрирано делување, повеќе од јасно е дека писмото на директорите кои притоа се назначени токму од Филипче на овие функции а се договараат во партиски групи на владејачката СДСМ ја потврдува вистиноста на пораките, а тоа е дека во СДСМ наместо жалење на 15 починати, се жали оставката на Филипче.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција побара не само оставка туку и кривична одговорност за Филипче за состојбите на болницата во Тетово, коментирајќи дека ваквата оставка на Филипче во текот на вчерашниот ден е изнудени и не претставува никаков морален чин.

Најнови вести

Локални избори 2021