четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 204
Во живо

Мицкоски на средби со граѓаните во Гостивар

home Вести

Во самоизолација министерот Дамјан Манчевски и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу

Во самоизолација министерот Дамјан Манчевски и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу

Уште двајца функционери денес јавија дека се во самоизолација поради контакт со позитивен на Ковид – 19. Станува збор за министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, кои информираа преку нивните профили на социјалната мрежа Фејсбук.

„Согласно препораките на епидемиолозите, поради средбата со мојот другар и колега Мухамед Зекири, во наредните девет дена ќе бидам во самоизолација“, напиша Манчевски додавајќи дека на средбата биле применувани здравствените протоколи, но сепак препораките на здравствените експерти се најважни и мора да ги почитува.

Градоначалникот Ганиу исто така наведе дека имал контакт со позитивен на корона вирус, но не откри за кого станува збор.

„Ќе ја искористам можноста преку овој вид на комуникација да ве информирам и да ја споделам загриженоста за начинот како се одвива состојбата со корона вирусот. Воедно сакам да ви дадам до знаење дека овие денови имав контакт со лице кое резултираше позитивен кон тестот за COVID -19, затоа од овој момент ќе останам во самоизолација и ќе делувам според протоколите на соодветните здравствени институции“, соопшти Ганиу.

Тој апелира граѓаните да внимаваат, да се придржуваат до предвидените мерки и сериозно да ја земат оваа тематика и предизвик, бидејќи, како што вели „состојбата не изгледа воопшто добра и секогаш постои можност да стапи кон полошо“.

Парламентарни избори 2020