сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 45
home Вести

Во сабота нова средба на Заев, Вучиќ и Рама во Охрид

Во сабота нова средба на Заев, Вучиќ и Рама во Охрид

САД ќе се обидат да ја разубедат Европската унија до самитот во мај да го променат ставот за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија. Ваква порака денеска од Србија испрати заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан. Палмер го повтори ставот дека исходот од самитот на Европскиот совет е историска грешка.

САД сакаат Западен Балкан да има европска перспектива и ние ќе направиме се што можеме да ја убедиме ЕУ да го промени ставот пред состанокот на европските лидери во Загреб, изјави Палмер на денешната зедничка прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград.

Српскиот претседател Вучиќ пак испрати директна покана до својот американски колега Трамп да ја посети Србија и целиот регион. Европската перспектива на земјите од Западен Балкан ќе биде во фокусот и на самитот „мал Шенген“ кој во сабота ќе се одржи во Охрид. Деталите денеска телефонски ги договориле Заев, Вучиќ и Рама.

Заменик-помошникот државен секретар на САД изминататат недела во Скопје оставари средби и со македонскиот државно-политички врв по кои порача дека САД очекува Македонија многу скоро да стане полноправна членка на НАТО.

По тридневната посета на земјава, Палмер најави дека многу скоро повторно ќе се врати во Македонија за да ги продолжи разговорите со партнерите од Скопје.

Коронавирус