вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 167
home Вести

„Во првите 100 дена од нашата влада граѓаните ќе ги почувствуваат промените“

„Во првите 100 дена од нашата влада граѓаните ќе ги почувствуваат промените“

Во првите 100 дена граѓаните ќе почувствуваат огромна разлика споредено со тоа што беше изминатите еве веќе трета година влада на СДСМ и Зоран Заев, изјави Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Шења.

Тој додаде дека за разлика од СДСМ и Зоран Заев, тој и ВМРО-ДПМНЕ ќе водат политика со јасна стратегија и политика која што ќе биде отчетна, додавајќи дека СДСМ и Заев си поигрувале со емоциите на луѓето кога оставале чевли пред владата ветувајќи дека ќе ги вратат младите кои што се иселиле изминатиот период.

Се сеќавате на оние чевли кои што ги оставаа пред владата, се поигруваат со емоциите на луѓето. Јас бев тогаш се сеќавам на терен, во изборна единица 1 и тогаш ни отвори врата една постара госпоѓа, ние нормално се претставивме дека сме од ВМРО-ДПМНЕ, и таа ни вели јас ќе гласам за другите. Кога ја прашавме зошто, ни вели дека и еве ми ветуваат дека ќе ми ги вратат внуците од Германија. Таква политики нема да водиме, ние ќе водиме политика со јасна стратегија, политика која што ќе биде отчетна и политика која што граѓаните ќе можат да ја мерат, заврши Мицкоски.

 

 

 

 

 

Коронавирус