петок, 27. мај 2022. Вести денес: 77
home Вести

Во првиот квартал годинава бројот на туристи зголемен за 45,9 проценти

Во првиот квартал годинава бројот на туристи зголемен за 45,9 проценти

Бројот на регистрирани туристи во државава во март годинава изнесуваше 39.786, од кои 43,1 проценти се домашни, а 56,9 отсто странски туристи.

Државниот завод за статистика денеска објави дека бројот на ноќевањата во март 2022 година изнесува 87.074, од кои 44,1 процент се од домашните туристи, а 55,9 отсто од странските.

Во периодот јануари – март 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 45,9 проценти.

Кај домашните туристи има зголемување за 21 отсто, а кај странските зголемувањето е за 79,5 проценти. Кај бројот на ноќевања има зголемување за 41,6 отсто, кај домашните туристи за 22,2, а кај странските за 67 проценти. (МИА)

Најнови вести

Коронавирус