сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 65
home Вести

Во притворот во Шутка нападнат еден од осомничените за нападот на Зијадин Села

Во притворот во Шутка нападнат еден од осомничените за нападот на Зијадин Села

Коста Делов, еден од осомничените за нападот врз Зијадин Села за време на настаните од 27 април во македонскиото Собрание, бил нападнат во притворскиот дел од затворот „Шутка“, пренесува Сител ТВ.

Инцидентот за Сител го потврдија и од Управата за извршување на санкции.

Ова е втор напад врз некој од осомничените за тепањето на лидерот на АА, откако претходно истото го снајде и Кире Георгиевски.

Во меѓувреме продолжува судењето за нападот врз пратеникот Зијадин Села. Во кривичниот суд денеска сведочеше Александар Јаневски- Тошта, еден од 10-мината обвинети за тепањето.

Најнови вести

Коронавирус