среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 193
home Вести

Во Прилеп работници со температура одат на работа

Во Прилеп работници со температура одат на работа

Во Прилеп се оди на работа и со ковид симтоми и 38 температура. Центарот за јавно здравје вели дека тоа е можно и дека постојат такви случаи. Во Прилеп која е една од водечките општини во земјава по број на заразени и починати од КОВИД – 19 неофицијално се говори дека во помали фирми кои не се членови на Стопанската комора работници под закана од газдите се принудени да молчат и да работат и ако имаат симптоми со корона вирус и со температура до 38 целзиусови степени.

„Скоро во секоја од фирмите се има појавено случај заболени КОВИД-19, меѓутоа со големите фирми имаме одлична соработка, но не е исклучена можноста за некоја од помалите фирми да се случи некои изолирани случаи да не бидат пријавени, односно да доаѓаат на работа, меѓутоа таквите треба да се санкционираат, постојат институции кај кои што секој може да побара помош и да пријави‘‘, вели Драгица Николовска, директорка на Центарот за јавно здравје

Од Стопанската комората на работници велат дека меѓу нивните членки поради големиот број на заболени засилени се мерките на претпазливост. Но, ниту потврдуваат, ниту демантираат дали во некои од другите фирми има ваква појава.
Соработката со големите компании велат од центарот за јавно здравје е на високо ниво. Немаат официјална информација но не ја исклучуваат можноста од ваква пропусти.

И додека болничките капацитети се прошируваат за да се хоспитализираат заболените сега во поранешното одделение за уво нос и грло, а, наскоро и посебен блок на интерното одделение бидејќи во инфективното нема празен кревет останува прашањето за личната и колективна одговорност на луѓето кон корона вирусот.

Коронавирус