вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Во Прилеп почнуваат чествувањата за загинатите бранители кај Карпалак

Во Прилеп почнуваат чествувањата за загинатите бранители кај Карпалак

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп вечер почнуваат чествувањата по повод 18-годишнината од масакрот кај месноста „Карпалак“ на патот Скопје-Тетово во кој на 8 август 2001 година загинаа 10 прилепски резервисти на АРМ.

Пред спомен-обележјето на 10-те загинати бранители во прилепската касарна „Мирче Ацев“ во 18:00 часот цвеќе ќе положат делегации кои ќе им оддадат почит на загинатите прилепчани. Потоа, ќе биде посетена Спомен-собата во касарната каде се спомените на загинатите армиски резервисти и бранители. Во 19:00 часот ќе биде посетен споменикот во прилепското село Лениште, посветен на трагично загинатите бранители и ќе се служи вечерна литургија во манастирот „Света Петка“ во селото.

Делегации, изутрината на 8 август, од 6:00 часот ќе тргнат на чествувањето на овој трагичен настан на месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово каде ќе положат цвеќе на спомен-обележјето. Во Прилеп од 7:30 часот ќе се положат цвежиња и ќе им биде оддадена почит на загинатите на нивните вечни почивалишта во градот и во околните населени места. Во 10:00 часот ќе се одржи панихида за загинатите во црквата „Света Петка“ во прилепската населба Точила, а од 13:00 часот е централното чествување пред споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

На 8 август 2001 година во заседа на патот Скопје-Тетово кај месноста Карпалак животот го загубија Сашо Кутаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Тие беа армиски резервисти од Прилеп и околината.

Коронавирус