среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 139
home Вести

Во пресрет на изборите: Дали Шeкеринска наметнува одговорност за незаконски унапредувања?!

Во пресрет на изборите: Дали Шeкеринска наметнува одговорност за незаконски унапредувања?!

Министерството за одбрана на чие чело е Радмила Шекеринска, испраќа решение за формирање на Комисијата за селекција за унапредување.

Во решението се наведува дека: „Се формира Комисија за селекција за умапредување на 68 (шеесет и осум) административни службеници во Министерството за одбрана…“.

Имено, Шекеринска бара да биде формирана комисија која ќе носи одлуки од ваков тип, а нејзините членови се ставаат под директен притисок.

Тоа значи дека членовите на Комисиите мора да бидат екстремно внимателни бидејќи мора да знаат дека сите одлуки се нивна одговорност. Лично тие ќе одговараат за секое незаконско унапредување.

Но, Шекеринска сака нив да им ја наметне одговорноста, па тие не смеат да попуштат под притисокот. Сите членови на комисијата треба да знаат дека при ревизија на процесот тие ќе сносат одговорност пред законот, а не министерката.

Коронавирус