недела, 11. април 2021. Вести денес: 98
home Вести

Во последниот квартал лани повеќе родени и починати лица

Во последниот квартал лани повеќе родени и починати лица

Бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2020 година изнесува 4 935 и во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 4.8 отсто.

Бројот на умрените лица во четвртиот квартал лани, пак, бележи зголемување од 89.1.% во споредба со 2019 година и изнесува 9 465 лицa, а од нив 12 се умрени доенчиња, но ваквиот раст, според Државниот завод за статистика е поради доцнењето на извештаите од одделни матични подрачја од претходните квартали како последица на пандемијатa со КОВИД-19.

Природниот прираст изнесува минус 4 530, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 19.7 % во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 2 689 бракови.

Бројот на разведените бракови во ова тримесечје е 540, што претставува намалување од 19.3 % во споредба со истиот период од 2019 година.

Коронавирус