петок, 20. мај 2022. Вести денес: 0
home Вести

Во понеделник ќе се одлучува за скратување на изолацијата од 10 на 7 дена

Во понеделник ќе се одлучува за скратување на изолацијата од 10 на 7 дена

На почетокот на следната недела ќе биде познато дали изолацијата на лица позитивни на Ковид-19 ќе се намали од десет на седум дена.

Иако новиот Омикрон сојот се шири многу брзо, сепак надлежните тврдат дека болниците во земјава уште имаат капацитет за исполнување. Во меѓувреме продолжува апелот до граѓаните да продолжат со вакцинацијата.

Препораката за скратување на изолацијата доаѓа по вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести.

Министерот за здравство Беким Сали изјави дека оваа одлука не е конечна, затоа што, како што рече, во идниот период состојбата со новозарезани ќе се следи и соодветно ќе се носат препораки и одлуки.

Оваа препорака на Комисијата треба да се најде на Кризен штаб во понеделник, а во вторник веќе треба да биде на седницата на Влада.

Најнови вести

Коронавирус