сабота, 15. август 2020. Вести денес: 39
home Вести

Во понеделник излегуваат првите амнестирани затвореници

Во понеделник излегуваат првите амнестирани затвореници

Првите амнестирани затвореници, се очекува во понеделник да ги напуштат затворите.

Според информациите, затворите им ги подготвуваат досиејата на осудените лица до судовите кои им ги изрекле казните. Во понеделник целата документација треба да биде доставена до судовите.

Од Кривичниот суд велат дека се формирани повеќе кривични совети кои ќе одлучуваат по барањата за амнестија. До скопска единица веќе се пристигнати стотина предмети, поради што можно е судот да работи и за викендов. Од таму велат дека очекуваат околу 1.500 решенија.

Со Законот за амнестија кој се донесе на 15-ти јануари годинава целосно ослободување од затвор ќе добијат околу 800 лица, додека намалување на казната за 30 проценти ќе опфати над 3 илјади осуденици.

Законот не предвидува амнестија за сторителите на убиство, кривични дела за силување, избори и кривични дела против државата.

Коронавирус