сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 46
Во живо

Прес-конференција на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

home Вести

Во понделеник ќе се знае кога Собранието ќе расправа за барањето на СДСМ за автентичното толкување за помилувањата

Во понделеник ќе се знае кога Собранието ќе расправа за барањето на СДСМ за автентичното толкување за помилувањата

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска го примил барањето за автентично толкување на член 11 од Законот за помилување што го поднесе пратеничката група на СДСМ.

Од Кабинетот на Џафери информираат дека барањето веднаш е проследено до пратениците и дека за тоа кога за него ќе расправа Законодавно правната комисија и Собранието ќе се знае по редовната понеделничка координација на спикерот со првите луѓе на пратеничките групи.