сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Во петок средба помеѓу партиите за законот за Јавно обвинителство

Во петок средба помеѓу партиите за законот за Јавно обвинителство

Во петок ќе биде одржана средба помеѓу претставници на политичките партии на тема законот за Јавно обвинителство.

Како што дознава КУРИР, на средбата ќе присуствуваат Тимчо Муцунски како претставник на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Маричиќ од СДСМ и претставници на другите парламентарни партии.

На средбата ќе се разговара за понатамошните чекори во насока на носењето на овој закон, со посебен осврт на тоа што понатаму по бројните забелешки од експертите на адреса на законот за Јавно обвинителство.

Средбата, како што дознаваме, ќе започне во 11 часот.

Коронавирус