среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 115
home Вести

Во овие моменти повеќе скопски населби без струја- граѓаните револтот го истураат на социјалните мрежи

Во овие моменти повеќе скопски населби без струја- граѓаните револтот го истураат на социјалните мрежи

Повеќе скопски општини во овие моменти повторно останаа без струја.

Како што дознава КУРИР од читателите кои се пожалија до нашата редакција во овие моменти скопските населби Дебар Маало, Капиштец, Карпош, Тафталиџе и Козле повторно и ова попладне повторно останаа без струја.

Иако многумина граѓани се греат на струја овие денови често се случува повеќето скопски населби да останат извисени од ЕВН, па по тој повод тие често својот револт кон овој снабдувач го истураат на социјалните мрежи.

За сите дополнителни информации, контактирајте ја ЕВН на следниот број: 0890 88888