четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Во Охрид активни 576 случаи на Ковид-19, изминатата седмица 206 новозаболени

Во Охрид активни 576 случаи на Ковид-19, изминатата седмица 206 новозаболени

Во периодот од 28 ноември до 4 декември во Охрид се дијагностицирани 206 лица позитивни на Ковид-19, 196 лица од Струга и кај 36 лица од Дебар.

Изминатата седмица Центарот за јавно здравје од Охрид извршил вкупно 236 тестирања за присуство на Ковид-19 во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, а дополнителен број се направени во приватни лаборатории.

Во истиот период се оздравени 229 лица од Охрид, 142 лице од Струга и три лица од Дебар. Починати се шест лица од Охрид и девет лица од општина Струга. Активни случаи на Ковид-19 во текот на вчераниот ден се 576 во Охрид, во Струга 480, а во Дебар 132.

Од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај вкупно 3843 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 1757 лица во општина Охрид и Дебрца, 1595 лица во општина Струга и Вевчани и 491 лице во општина Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 1178, од Струга 1040, а од Дебар и Центар Жупа се 344 пациенти.

Од општините Охрид и Дебарца досега како последица на коронавирусот се починати 58 пациенти, од општините Струга и Вевчани 97, а од Дебар и Центар Жупа 21 лице. (МИА)

Најнови вести

Коронавирус