петок, 25. септември 2020. Вести денес: 169
home Вести

Во Охрид 78 активни случаи на коронавирус, во Струга двојно повеќе

Во Охрид 78 активни случаи на коронавирус, во Струга двојно повеќе

Неделниот билтен на Центарот за јавно здравје во Охрид, што ги опфаќа општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа покажува дека во периодот од 8 до 14 август лабораториски е дијагностицирано присуство на Ковид-19 кај 15 лица од Охрид, 31 лицe од Струга и 13 лица од Дебар.

Во Охрид има 78 активни случаи на коронавирус, во Струга 169, а во Дебар 65. Во овој период оздравени се 18 лица од Охрид, 51 лица од Струга и 68 лица од Дебар. Изминатата седмица се регистрирани два смртни случаи поврзани со Ковид-19, по една жртва во Охрид и во Дебар.

Кога станува збор за вкупниот биланс од почетокот на епидемијата заклучно со вчерашниот ден Ковид-19 е регистриран кај вкупно 1.036 лица во овие општини и тоа 309 лица во општините Охрид и Дебрца, 503 лица во општините Струга и Вевчани и 224 лица во општините Дебар и Центар Жупа. Оздравени пациенти од Охрид се 223, од Струга се 304, а од Дебар и Центар Жупа се 150 пациенти. Црниот биланс е девет починати лица во охридско, 44 во струшко, седум во Дебар и Центар Жупа.

Коронавирус