сабота, 28. март 2020. Вести денес: 108
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Во недела доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“

Во недела доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во недела во Собрание ќе ја додели државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2019 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, ументоста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Државната награда „Св. Климент Охридски“, за остварување во областа на воспитанието и образованието му се доделува на проф. д-р Агим Паљоска, албанолог; наградата за остварување во областа на културата и уметноста, им се доделува на: Димитар Башевски, писател, Весна Ѓиновска-Илкова, оперски пејач и Виолета Томовска, естраден уметник, а наградата за остварување во областа на здравството му се доделува проф.д-р Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог.