сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 84
home Вести

Во најава парализа на образовниот систем: Царовска ќе ја започне учебната година без скрининг на просветни работници

Во најава парализа на образовниот систем: Царовска ќе ја започне учебната година без скрининг на просветни работници

Учебната година ќе започне без КОВИД-19 скрининг на наставниците, професорите и учениците. А, бројката на заразени во државата рапидно и неконтролирано расте. Власта не презема ништо, граѓаните се оставени сами на себе да се справуваат со вирусот.

Се ближи први октомври, денот кога децата треба да започнат со училишна настава. Наставата според информациите од владата ќе се одвива комбинирано, дел од учениците ќе треба да присуствуваат физички, а другите наставата ќе ја следат електронски. Но колку учениците кои ќе треба да присуствуваат физички, а воедно и наставниците ќе се заштитени од вирусот.

А според проценките на првиот човек на Центарот за јавно здравје се дека здравствениот систем нема да издржи толкав број на тестови. Според доктор Стојанов тоа и немало да даде посебни резултати.

„Јас немам ништо против скринингот, сакам да има. Дали ќе биде серолошки или ПЦР тоа треба дополнително да се одлучи. Но, што значи скринингот? – Ништо”, вели Александар Стојанов, директор на ЦЈЗ.

Овој страв и прашања се појавија откако неделава по медиуми се појавија информации дека два случаи позитивни на КОВИД-19 се просветни работници. Токму ова ја отвора и пандорината кутија, дали власта треба да воспостави скрининг на вработените во образованието, за да не се случи парализира системот уште на самиот почеток како во градинките.
На ова прашање реагираше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Едно од најглавните прашања е, дали оваа власт планира да направи скрининг на сите наставници, како што не направи на воспитувачите и негувателките, а ги отвори градинките“, запраша на една од своите прес – конференции Благица Ласовска, пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За обнова на Македонија“.

Градинките се отворија пред една недела. За само една недела се појавија пет случаи на позитивни и тоа тројца вработени во градинки, и две мали деца. Поради ова парализираа 2-3 градинки во Македонија, бидејќи истите требаше да се затворат, но и да се изолираат вработените и децата кои се згрижени.

Сите овие информации покажуваат дека потребно е да се направи скрининг пред започне учебната година се со цел да се заштитат ученици и вработените како и да не дојде до парализа на образовниот систем.

Коронавирус