недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Во моментов активни неколку огласи: Партиските вдомувања на лица блиски до власта продолжува!

Во моментов активни неколку огласи: Партиските вдомувања на лица блиски до власта продолжува!

Ниту економската, ниту здравствената криза не ги спречи властите да продолжат со партизација на институциите.

Имено, во моментот се активни неколку огласи и тоа во Владата на Република Македонија, поточно секретаријат за законодавство каде што се вработува помлад соработник, ЈП Железничка инфраструктура вработува дури 15 јавни службеници на различни позиции како што се внатрешен ревизор, помлади соработници, помлади референти, секретарка, помлад кореспондент, кореспондент, главен референт, како и вработување на 5 државни службеници во Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, а позициите се советник за решавање на предмети од имотно-правна област, соработник за превод, соработник за решавање на предмети од имотно правна област, помлад соработник за прашања од областа на личните исправи како и референт за упатување на странките.

Платите се движат во зависност од позициите, па според она што е објавено најниската нето плата изнесува 14.888 додека највисоката нето плата изнесува 27.378 денари.

Владата на СДСМ додека беше во опозиција беше најгласна и ја обвинуваше тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ дека ги партизира институциите со неподобни и некадарни административци. И покрај најавите на премиерот Зоран Заев дека државната и јавната администрација ќе се намалува и на тој начин ќе се скрати на непродуктивните трошоци, сега се прави сосема спротивното.

Се појасно е дека ниту економската, ниту здравствената криза предизвикана од лошото менаџирање на власта со КОВИД пандемијата не се доволни причина власта да запре со партиско вдомување на своите активисти, 

Јавноста е сведок дека претходната недела беа објавени огласи за вработување во Министерство за финансии, Државниот завод за ревизија, Национална установа филмски центар Вардар Скопје, Национална установа Театар за млади и деца Скопје, како и вработување во Националната радиодифузија.

 

Најнови вести

Коронавирус