понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 102
home Вести

Во Маврово наврна над половина метар снег- еве како е на другите места

Во Маврово наврна над половина метар снег- еве како е на другите места

– До 16 часот во Маврово наврнале 56 сантиметри снег, во Лазарополе 31, Пожаране 20, пет сантиметри во Тополчани два во Тетово, Штип, Претор и Битола и еден сантиметар во Скопје, Прилеп и Охрид.

Како што соопшти УХМР, најстудено е во Берово, Лазарополе, Маврово, Тополчани и Ѓуриште, каде се измерени минус 2 степени, во Скопје, Пожаране и Виница 0, во Битола и Демир Капија еден степен во Струмица и Тетово 2, Во Штип и Претор 3, Охрид 4 и 7 степени се измерени во Гевгелија.

Вечерва времето ќе биде облачно и студено со повремено пообилни врнежи од снег. На север и долж Повардарието ќе остане поизразен северозападен ветер.

За утре синоптичарите најавуваат облачно и студено време, со врнежи од снег. Врнежите ќе продолжат од преку ноќта, ќе се префрлаат кон исток и ќе бидат пообилни во претпладневните часови, особено во југоисточните делови. Насекаде ќе се формира снежна покривка. Утринската температура ќе се движи од минус 4 до 0, а дневната минус 3 до 2 степени.

Во Скопје исто така облачно и студено, со слаб до умерен северозападен ветер и со врнежи од снег особено претпладне. Температурата ќе биде во интервал од минус 2 до 0 степени.

Во следните денови ќе бидеме под влијание на многу студена и влажна воздушна маса што ќе услови значително заладување и повремени врнежи од снег. Утре во текот на денот врнежите ќе се префрлат кон исток, каде што ќе бидат поинтензивни. Од овие врнежи  насекаде ќе се формира снежна покривка (на пониските места околу 10-15 см, а на планините покривката ќе се зголеми и за над 30 см).

Локални врнежи од снег ќе има и во вторник претежно во западните делови, а краткотраен снег е можен и во ноќта кон среда. До четврток температурите ќе бидат во опаѓање и се значително под просекот за овој период од годината.

Најстудено ќе биде в среда и четврток преку ноќта кон изутрина, кога утринската температура на места ќе се спушти и под и минус 10 степени. Од петок температурата ќе биде во пораст.

Коронавирус