недела, 26. септември 2021. Вести денес: 104
home Вести

Во мариовски Скочивир изгореа стари напуштени куќи

Во мариовски Скочивир изгореа стари напуштени куќи

Во вчерашниот пожар во мариовското село Скочивир изгореле 15 стари одамна напуштени куќи.

Пожарот зафатил и трева, се проширил низ селото каде изгореа 15 стари, напуштени куќи. Ниту една од нив не е вселива.

Огнот е под контрола, информираат од Територијалната против пожарна единица во Битола и предупредуваат на внимателност кај жителите зашто за време на пожарот се слушнале експлозии од стари експлозивни средства останати од Првата светска војна.

Од ТППЕ-Битола посочуваат дека пожар има и во атарот на селото Мусинци каде гори трева и огнот навлегол во шумата. Теренот е непристапен.

Коронавирус