недела, 25. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

Во Македонија “врие“ од мигранти

Во Македонија “врие“ од мигранти

На 22.06.2020 околу 19:00 часот на регионалниот пат Валандово–Струмица на влез во Струмица полициски службеници од СВР Струмица забележале товарно моторно возило„ивеко дејли“ со скопски регистарски ознаки за кое имале информација дека превезува мигранти, по што возачот го застанал возилото и го напуштил местото на настанот.

Во возилото полициските службеници пронашле 64 лица-мигранти сите од Бангладеш.

Лицата се сместени во ПТЦ-Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во полициските билтени речиси секојдневно се пишува за најдени мигранти низ Македонија. Вчера објавивме дека скопјанец превезувал 12 мигранти.

Пред неколку дена беа пронајдени 142 мигранти. Пред две недели, во Струмица беа пронајдени 38 мигранти.

Кај Миравци беа пронајдени 113 мигранти во ладилник од камион.

Коронавирус