петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Во Македонија се собираат донации за витамини, Србија на домашна адреса ќе им доставува на граѓаните

Во Македонија се собираат донации за витамини, Србија на домашна адреса ќе им доставува на граѓаните

Нова акција со која се повикуваат пред се компаниите да донираат витамини се шири на Фејсбук. Оставени сами на себе граѓаните се обидуваат да си помогнат во оваа состојба на корона-криза и да се заштитат колку можат повеќе.

Матичниот лекар, Ненад Лазаров кој лани беше дел од акцијата за достава на заштитни маски и визири за медицинските лица, овој пат ги повика фармацевтски компании да донираат суплементи и витамини.

-Јавно ги повикувам сите фармацевтски компании присутни на пазарот кај нас со витамини, додатоци во исхрана и сл, да излезат во пресрет и донираат дел од своите производи има потреба да помогнеме на болни на терен, има доста луѓе кои не можат да си дозволат. Од сите по нешто ќе покриеме многу луѓе, секако се изнапродававте, дајте фидбек малку. Ќе ве рапортираме за секое едно апче донирано каде ќе заврши, напиша Лазаров на Фејсбук.

На неговиот повик се одзваа дел од компаниите, голем број граѓани со желба да помогнат, но и граѓани на кои им е потреба помош. Акцијата, која е за почит, продолжува и понатаму. Сепак, ова на површина ја исфрла повторно неспособноста на властите да ги заштитат граѓаните и да покажат дека се тука за нив.

За споредба, во Србија сите пензионери до 5-ти јуни на домашна адреса ќе добијат витамини обезбедени од државата.

Ова денеска го најави директорката на Републичкиот фонд за здравствено осигурување на Србија, Сања Шкодриќ која посочи дека испораката на првите 300.000 пакети со цинк и витамини Ц и Дз почнала вчера.

-До 5-ти јуни сите пензионери во Србија ќе добијат витамини на домашна адреса, изјавила Шкодриќ во телевизиско гостување, пренесуваат српските медиуми.

Коронавирус