сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 71
home Вести

Во Македонија детeктиран јужноафрикански сој на кopoнавирусот

Во Македонија детeктиран јужноафрикански сој на кopoнавирусот

Африканскиот сој на коронавирусот бил изолиран во Институтот за јавно здравје во Скопје, дознава Слободен печат. Високи извори од Министерството за здравство ја потврдија информацијата и рекоа дека се работи за случај од март месец.

Според анализите на ИЈЗ од 1 март до 15 април, кај едно лице од Делчево било детектирано присуството на јужноафриканскиот сој на вирусот Сарс Ков 2. Пациентот е оздравен и повеќе не е ковид-позитивен. Освен за овој пациент досега нема детектирано присуство на јужноафриканскиот сој кај други позитивни пациенти, велат од Министерството за здравство за Слободен печат.

ЕУРО 2020

Македонија